The Cure го објавија вториот сингл од новиот албум

Култниот британски бенд The ​​Cure го објави „A Fragile Thing“, вториот сингл од нивниот долгоочекуван албум „Songs Of A Lost World“, нивно прво издание по 16 години.
Фото: May F./Flickr

Последниот албум на бендот во 2008 година, „4:13 Dream“ стигна до 16-то место на 200-те албуми на Билборд, а неодамна беше објавена и песната „Alone“, која го најави претстојниот албум.

„A Fragile Thing е водена од оние грижи со кои се соочуваме кога избираме помеѓу меѓусебно исклучителни потреби и како се справуваме со залудното жалење што доаѓа по донесувањето одлука, без разлика колку сте сигурни дека одлуката е вистинската… Често е тешко е да бидеме личноста која навистина треба да бидеме“, изјави Роберт Смит за новиот сингл.

The Cure е формиран во 1978 година и моментално има над 30 милиони продадени албуми ширум светот, четири пати беа главни изведувачи на фестивалот Гластонбери и станаа членови на најголемата рок институција – Rock and Roll Hall of Fame во 2019 година.

Со текот на годините тие создадоа армија од обожаватели, а нивната богата дискографија стана жанр за себе, спојувајќи ги њу вејв и панкот со неоготска величественост, правејќи ги еден од највлијателните британски бендови на сите времиња.

„A Fragile Thing“ е достапна на Spotify, Apple Music, Deezer, Tidal и YouTube Music, како и ширум светот во сите дигитални продавници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни