Земјотрес со магнитуда од 4,8 степени според Рихтер го погоди вчера поширокото подрачје на Задар, а според досега достапните информации, нема пријавени повредени лица ниту поголема материјална штета, извести Дирекцијата за цивилна заштита.
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска го регистрираа потресот во 18:43 часот, со епицентар 15 километри североисточно од Стариград Пакленица. Интензитетот на потресот во епицентарот бил VI степен според EMS скалата, а потресот се почувствувал на поширокото подрачје на Далмација, Лика, па дури и во делови од Босна и Херцеговина.
Според информациите на директорката на Националниот парк Пакленица, епицентарот на потресот бил високо над планинарскиот дом Пакленица, на надморска височина од 1600 метри. Заради потресот се поместила камбаната на Паг.
Поради опасноста од паѓање на делови од камбаната, просторот е ограден. Денес се очекува детална контрола како и понатамошни безбедносни мерки.
На Паг е забележан и потрес со магнитуда од 3 по Рихтер еден ден порано.