Државјанин на Босна и Херцеговина е во критична состојба откако завчера бил тешко повреден во сообраќајна несреќа во близина на италијанскиот град Кастелфранко, објавија италијанските медиуми.
Двајцата Македонци, од кои едниот бил зад воланот, загинале на самото место. Тешко повредениот маж од БиХ со хеликоптер бил пренесен во болница во Тревизо, каде што и понатаму е во критична состојба. Лекарите изјавија дека прогнозите се неизвесни и дека повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Според италијанските медиуми, тројцата работеле во Италија со години, главно во градежништвото. Несреќата се случила додека се враќале од работа, а до дома им останувале само неколку километри.
Шефот на локалната полиција изјави дека сè уште не е познато зошто возачот на комбето ја преминал во спротивната лента.
Возачот на камионот се здобил со полесни повреди, но е задржан во болница за набљудување, пренесуваат „Независне новине“.