Тежок пораз на македонските кошаркари на гостувањето во Унгарија

Играта на македонскиот тим се распадна пред се во одбраната а во последната четвртина Македонија постигна само седум поени

Кошаркарската репрезентација на Македонија убедливо го загуби натпреварот на гостувањето во Унгарија со 96:58.

Резултатот по четвртини беше 19:18; 34:19; 17:14 и 26:7.

Резултатот беше неизвесен само во првиот период кога противникот имаше предност од еден поен 19:18. Но, потоа играта на македонскиот тим се распадна пред се во одбраната кога унгарските кошаркари постигнаа 34 поени. И во третиот период предноста беше зголемена, а во последната четвртина Македонија постигна само седум поени.

Уште тогаш беше јасно дека Унгарците ќе се израдуваат на првата победа, а во второто полувреме само рутински ја одржуваа разликата.

За македонската селекција веќе во среда следува нов натпревар и тоа на гостински терен во Ородеја против Романија која веќе оствари две победи.

Со ваков епилог Македонија има само теоретски шанси да ги мине претквалификациите за СП 2027.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни