Тежок пад на Линдзи Вон на трката во спуст на ЗОИ

Вон остана да лежи на патеката, потоа дотрча и медицинскиот тим, за на крајот да дојде и хеликоптер кој ја превезе до болница

Натпреварувањето во ски спуст на Зимските олимписки игри, денес беше 40ина минути во прекин откако падна американската скијачка Линдзи Вон.

Вон, која сакаше да направи кам-бек на 41 година, падна по само десеттина секунди минати на стазата.

Иако на прв поглед не изгледаше страшно, сепак Вон остана да лежи на патеката, а набрзо дотрча и медицинскиот тим.

На крајот, Американката мораше да биде транспортирана со хеликоптер до најблиската болница.

Во текот на денот се очекуваат повеќе детали за здравствената состојба на Вон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни