„Тетовирање“ на Столе Попов во Кинотека на Македонија

Во среда на 29-ти мај, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“ на режисерот Столе Попов, работен по сценарио на Mирко Коваќ и Живојин Павловиќ.

Како основа за филмот е текстот на писателот Мирко Ковач, а неговата финална структура ја направија заеднички режисерот Столе Попов и белградскиот сценарист Живоин Павловиќ.

Режисерот Столе Попов во овој филм се обидува да направи посебна визуелна структура, каде што апсурдното ќе го најде својот изразен простор. Во „Тетовирање“, егзистенцијалните, односно судбинските проблеми и прашања, се судираат со проблемите на човековата вера, којашто не мора нужно да биде религиозен чин и тие проблеми го доведуваат јунакот до една етичка конфронтација со себе, но и со другите.

К

Најново

Последни колумни