Тетовирање на Столе Попов во Кинотека на Македонија

На 29 мај, со почеток во 20 часот во кино салата на Кинотека на Македонија ќе биде прикажан култниот македонски игран филм во режија на легендата на нашата филмска сцена, авторот Столе Попов. Режисерот, по подолго време, официјално ќе биде присутен на настанот, а по проекцијата ќе следи разговор со него модериран од филмаџиите и кино куратори Саша Станишиќ и Јане Алтипармакив.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Мето Јовановски, Столе Аранѓеловиќ, Љиљана Меѓеши, Јовица Михаловски, Светозар Цветковиќ, Зоран Цвијановиќ, Данчо Чевревски, Милица Стојанова и други.

За овој филм, Столе Попов бил награден со наградата „Златна мимоза“ на Филмскиот фестивал во Херцег нови во 1991година, во категоријата за најдобра режија. Неофицијално, Тетовирање е и првиот македонски филм понуден за номинација за престижната награда Оскар, но не бил прифатен од Академијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни