Се повеќе жени под влијание на инфлуенсерите, земаат тестостеронска терапија за зголемување на либидото. Од друга страна, има многу луѓе кои без препорака од лекар сами го пијат лекот за дијабетес Оземпик, кој наводно ја намалува тежината.
Давата лека се опасни ако се земаат на своја рака и веќе се евидентирани и смртни случаи. Сепак пристапот до хормоните, особено тестостеронот, никогаш не бил полесен.
Кој зема тестостерон, зошто мажите и зошто жените?
Опасно е самостојно да се земаат лекови, хормонска терапија и суплементи, веат ендокринолозите, но додаваат и дека тоа е тренд кој се повторува циклично и периодично. Европа и Америка се сосема различни по ова прашање.
„Постојат апсолутно забранети области каде што не треба да земате хормони или други лекови од областа на ендокрината терапија што е наведена од Меѓународниот олимписки комитет. Тоа се сите лекови кои се забранети во спортот, па затоа се забранети и за нормален живот. Трендот е да мислиме дека земањето хормони ќе ни го продолжи животот“, велат лекарите.
Жените кои го земале тестостеронот без надзор се соочуваат со прекумерен раст на косата, па дури и со промена на гласот.
Несакани ефекти од земање хормони самостојно
„Жените не знаат што може да се случи и не знаат што стои зад земањето лекови самостојно. Тие исто така не знаат колку долго да земаат нешто и дали лекот има некаков ефект. Потоа оди во хронични терапии, што може да ги влоши кардиоваскуларните исходи. Употребата на хормони оди со совет и консултација на лекар“, велат лекарите.
Тестостеронот е машки хормон, но ниту мажите не треба да го земаат сами, бидејќи може да предизвика несакани ефекти.
Оземпик е хит во светот
„Тоа е одличен лек во лекувањето на дијабетесот, тоа е неговата прва индикација, ја третира и дебелината. Повторно, важно е да го препише лекар, бидејќи не е прва линија на одбрана од дијабетес. Оземпик е хит во светот, но може да предизвика големи здравствени проблеми на теренот, затоа треба да се користи под надзор и само по препорака на лекар“, порачуваат леакарите.