Тесла повеќе не е најуспешниот производител на електрични возила во светот

Tesla ја загуби лидерската позиција на глобалниот пазар на електрични автомобили. Кинескиот BYD ја презеде првата позиција по продажба во 2025 година.

Компанијата Tesla ја загуби титулата најуспешен светски производител на електрични возила, а меѓу причините се наведуваат револтот на потрошувачите поради десничарската политика на сопственикот на компанијата, Илон Маск, истекот на даночните олеснувања за американските купувачи и жестоката конкуренција на пазарите надвор од САД.

Најуспешна компанија во светот стана кинеската BYD, која милијардерот Маск во минатото ја потценуваше и не ја сметаше за сериозна закана. Tesla веќе втора година по ред бележи пад на продажбата.

Компанијата соопшти дека во 2025 година продала 1,64 милиони возила, што е за девет проценти помалку во споредба со претходната година.

Од друга страна, BYD минатата година продал 2,26 милиони возила и се искачи на првото место меѓу производителите на електрични автомобили со најголема продажба.

Ова претставува изненадувачки пораз за Маск, кој во време кога растот на Tesla изгледаше незапирлив, ја отфрлаше BYD како закана, оставајќи зад себе дури и традиционални производители на автомобили со многу поголеми ресурси.

Подемот на Tesla значително придонесе Илон Маск да стане најбогатиот човек во светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни