Tesla го губи европскиот пазар: Пад на продажбата од 45% ја руши вредноста на компанијата

Најновиот пад доведе до бришење на 93 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата, додека цената на акциите падна за скоро 25 проценти само во последниот месец.

Акциите на компанијата Tesla паднаа за 9 проценти во вторникот, додека инвеститорите реагираат на најновиот знак дека европските возачи ја избегнуваат оваа компанија поради поддршката на Илон Маск на американскиот претседател Доналд Трамп.

Најновиот пад доведе до бришење на 93 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата, додека цената на акциите падна за скоро 25 проценти само во последниот месец.

Овие поразителни резултати беа објавени откако Европското здружение на производители на автомобили извести дека продажбата на возилата на Тесла паднала за 45 проценти во јануари, додека вкупната продажба на електрични возила на континентот пораснала за 37 проценти.

Падот на продажбата се совпаѓа со се позабележителната улога на Илон Маск во Трамповата администрација, каде што му е доверено намалувањето на владините трошоци.

Брендот Tesla, кој некогаш го промовираа прогресивците како начин за борба против климатските промени, последните месеци го отфрлаат либералните возачи откако Маск изрази поддршка за крајно десничарски политички лидери во Европа, вклучувајќи ја германската Алтернатива за Германија. Тој исто така повеќе пати го критикуваше премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стамера, и ја поддржа Реформистичката партија на Наџел Фараж.

Неговите политички настапи предизвикаа критики од некои европски лидери и ги оддалечија традиционалните купувачи на Tesla возила кои имаат левичарски настрои. Некои сопственици на Tesla автомобили реагирале така што на своите автомобили поставиле налепници со натпис: „Го купив ова пред да Илон полуди“.

Цената на акциите на Tesla нагло порасна по американските избори во ноември, бидејќи инвеститорите сметаа дека блискоста на Маск со Трамп може да помогне на неговите компании да успеат. Меѓутоа, лошите резултати од продажбата во Европа изгледа дека го пробија тој оптимизам.

Покрај предизвиците во Европа, Tesla се соочува и со жестока конкуренција од производители на автомобили, вклучувајќи го BYD во Кина – клучен пазар за електрични возила. Продажбата на Tesla во втората најголема економија во светот падна за 11,5 проценти минатиот месец, додека BYD бележи пораст од 48 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни