Тешко повреден параглајдерист во Крушево – побаран хеликоптер за транспорт до Скопје

Хеликоптерот Бел 412, кој бил ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен, веднаш е пренасочен кон Мечкин Камен – Крушево

Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случле два одделни инциденти со параглајдеристи, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се закачил на дрво високо околу пет метри и не може безбедно да биде спуштен на земја. Веднаш била извршена координација со Дирекцијата за заштита и спасување со цел упатување на соодветен специјализиран тим за спасување на локацијата.

„Во вториот случај, во истата област, друг параглајдерист при лет паднал и здобил тешки телесни повреди, со обилно крварење и состојба на бесознание, потврдено од страна на лекарската екипа која е веќе присутна. Поради сериозноста на повредите, побаран е итен медицински транспорт со воздухоплов до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Центарот за управување со кризи, во координација со Министерството за внатрешни работи, побара хеликоптерот Бел 412, кој беше ангажиран на гаснење пожар во подрачјето Јасен, да биде веднаш преусмерен кон Мечкин Камен – Крушево. Хеликоптерот е во движење кон локацијата и се преземаат сите неопходни мерки за брза и безбедна интервенција.

ЦУК апелира до сите учесници во спортот на параглајдерство да ги почитуваат безбедносните протоколи и да бидат максимално внимателни при изведување на летови“ информираат од ЦУК.

Повеќе детали за спасувачките мисии се очекуваат подоцна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни