Тешка сообраќајка вечерва на Партизанска – несреќата се случи близу местото каде трагично загина Фросина Кулакова

Вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, само неколку метри од местото каде што пред извесно време трагично го загуби животот младата Фросина Кулакова.

Според првични информации од очевидци, во несреќата учествувале три возила – „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“. Ударот бил толку силен што автомобилите се извртеле на коловозот, а делови од нив завршиле на сите страни.

Очевидци велат дека до судирот најверојатно дошло поради неприлагодена брзина, но засега нема официјална потврда дали има повредени лица.

Полицијата е на терен, а повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта.

Фото: Фактор
Извор: faktor.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни