Терористите сакале со автомобил да влетаат во фановите на Тејлор Свифт, а потоа да активираат бомба

Фото: Chad Davis/Flickr

Пријателите на 19-годишниот осомничен дека планирал напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена, според австриските медиуми, биле вработени како обезбедување на концертот, со што имале пристап до повеќе локации околу стадионот.

19-годишникот кој е осомничен за планирање на терористички напад е роден во Австрија, но неговото семејство има корени од Македонија. Тој планирал со автомобил да се забие во илјадниците фанови на Свифт кои би се собирале пред стадионот Ернст Хапел, а потоа со маче и ножеви да тргне да ги напаѓа, па на крај да активира бомба изработена од украдени хемикалии, објави Куриер.

Како што објавуваат австриските власти, заканата за терористичкиот напад била сериозна, но благодарение на соработката помеѓу службите од Австрија со тие од соседните земји спречен е инцидент уште во рана фаза.

Дојавата за терористичкиот напад австриските служби ја добиле од тајни служби на трета држава, а австриските медиуми објавуваат дека тоа го направиле американската тајна служба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни