Спречен терористички напад во Берлин: уапсен 22-годишен Сиријец со експлозивен материјал

Германската полиција уапси маж осомничен за планирање самоубиствен напад во Берлин, при што во неговиот дом бил пронајден материјал за изработка на експлозивна направа.

Берлинската полиција уапси 22-годишен државјанин на Сирија под сомнение дека подготвувал терористички напад во германската престолнина, објави државното обвинителство.

Според извештајот на листот Bild, осомничениот, идентификуван како Абдала Р., планирал самоубиствен напад со експлозивна направа врз засега непозната локација во Берлин.

Абдала пристигнал во Германија во 2023 година и побарал азил, кој му бил одбиен, но сепак поседувал временска дозвола за престој.

При претрес на три адреси на кои бил пријавен, полицијата пронашла материјали за изработка на експлозив, потврдувајќи дека подготвувал напад во самостојна организација. Германските медиуми пренесуваат дека осомничениот бил поврзан со ИСИС.

Тој бил уапсен во саботата попладне во берлинската населба Нојкелн (Neukölln), позната по големата заедница од арапско потекло.

Настанот повторно ја отвори дебатата во Германија за прашањето на депортацијата на мигрантите во Сирија, која беше прекината поради граѓанската војна. Министерот за внатрешни работи Александер Добриндт и канцеларот Фридрих Мерц се залагаат за појачани депортации на прекршители и лица со одбиен азил, додека министерот за надворешни работи Јохан Вадефул предупредува дека условите во Сирија сè уште не се безбедни, што предизвика внатрешни тензии во владата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни