Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во просториите на Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) бил извршен терористички напад, во кој имало убиени и ранети.
Ankara'da TUSAŞ Tesisi önündeki patlama görüntülendi.pic.twitter.com/5zg9dCODyz
— Boşuna Tıklama (@bosunatiklama) October 23, 2024
Јерликаја во објава на својот профил на социјалните мрежи објави дека терористичкиот напад бил извршен во комплексот на компанијата ТУСАШ во областа Кахраманказан во Анкара.
„За жал, во нападот имаме загинати и ранети. На нашите маченици им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, рече Јерликаја.
Експлозија и истрели се слушнале во средата во капацитетите на Турската аерокосмичка индустрија во областа Кахраманказан во Анкара.
Во областа се испратени безбедносни сили, пожарникари и болничари. Беше објавено дека персоналот на одбранбената фирма бил упатен во засолништа од безбедносни причини.