Четири лица се убиени во Тел Авив, Израел, јавува „Тајмс оф Израел“. Повредени се и четири лица, од кои двајца потешко.
Нападот се случил на две локации во градот, а полицијата го убила напаѓачот.
Тој е идентификуван како Абделазиз Када (29), по потекло од Мароко, кој има американски зелен картон, а во Израел влегол на 18 јануари со туристичка виза.
Истрагата за четирикратното убиство е во тек. Силни полициски сили се присутни речиси во целиот град.