Терапија во првите редови на новата музичка историја на експофестивалот Muse-X во Тирана

Во срцето на Тирана, на Плоштадот „Италија“, се одржа едно од највлијателните регионални случувања за музика и креативни уметности – Muse-X експофестивалот. Настанот ги обедини креаторите на културната сцена, младите уметници и музички професионалци од Балканот, Велика Британија и остатокот од Европа.

Фестивалот беше отворен во присуство на Заменик министерката за економија, култура и иновации, како и Државниот министер за млади, а Плоштадот беше исполнет со забава, музички настапи, конференции, креативни панели и директни интеракции со преку 100 претставници на водечки музички компании.

На затворањето, фестивалот беше опишан како момент во кој е напишана нова историја во полето на музиката, уметноста и културната индустрија, со јасна визија за поттикнување на креативноста и растот на сцената преку глобално поврзување.

Терапија, како платформа посветена на промоција на културата и современата музичка сцена, беше горд претставник на македонската урбана култура на Muse-X. Освен медиумско покривање на настанот, Терапија доби клучна улога и како дел од жирито на DJ Академијата Tirana, каде заедно со реномираниот хрватски артист Петар Дундов и продуцентот Давор Попивода, го избраа победникот кој ќе настапи на отворањето на главниот настан.

„Културата е темелот на идентитетот на една држава. Таа ја обликува заедничката меморија, вредностите, традициите и јазикот и служи како мост меѓу генерации. Кога една држава инвестира во културата, уметноста, музиката, театарот, литературата и архитектурата, таа не само што ја чува својата историја, туку гради и иднина исполнета со креативност, критичко мислење и дух на заедништво,“ – изјавија од Терапија.

Терапија со своето присуство ја зацврсти позицијата како активен играч во регионалната културна мрежа, градејќи мостови меѓу младите уметници и новите можности на меѓународната сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни