Заедно со реномираниот хрватски DJ и продуцент Петар Дундов и музичкиот продуцент Давор Попивода, Терапија ќе биде дел од стручното жири кое ќе го избере најдобриот млад DJ на фестивалот.
Победникот на оваа академија ќе добие уникатна можност – настап на главната сцена на отворањето на Muse-X.

Muse-X не е само фестивал, туку динамична платформа што ги спојува музиката, уметноста и професионалниот развој. Терапија, како медиумска платформа и активен учесник во музичко-културната сцена, со оваа улога ја зацврстува својата посветеност кон поддршката на младите таленти и унапредувањето на регионалната музичка заедница.
Настанот се реализира во соработка со Liber Legis Musica Universalis, и претставува вистински простор за креативна размена, соработка и инспирација.