Тепачка во бугарскиот парламент: Пратеници разменуваа удари во пленарната сала

Инцидентот меѓу пратеници ја прекина седницата, претседателката на парламентот прогласи пауза

Во пленарната сала на бугарското Народно собрание денеска дојде до сериозен инцидент, откако двајца пратеници физички се судрија, при што беа разменети удари со нозе и раце. Причините за конфликтот засега не се официјално соопштени.

Според снимките од камерите во салата, Ѓунај Далоолу од партијата ДПС – Нов почеток и Радостин Василев од политичката формација МЕЧ најпрвин размениле остри и навредливи зборови. Во ескалацијата што следела, Василев го удрил Далоолу со нога во пределот на градите и се обидел да го удри со тупаница, но ударот не погодил.

Во инцидентот веднаш интервенирале други пратеници, кои застанале меѓу двајцата за да спречат понатамошно насилство. Претседателката на парламентот, Раја Назарјан, веднаш прогласи пауза во седницата.

Во моментот кога избувна тепачката, од говорницата се обраќаше министерот за енергетика Жечо Станков, кој го прекина својот говор и ја информираше претседателката дека во салата има физички судир меѓу пратеници.

Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за нивото на политичка култура и безбедноста во законодавните институции во Бугарија. Засега нема информации дали ќе следуваат дисциплински мерки или санкции против инволвираните пратеници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни