Тепачка во Собранието на Албанија

Повремено, имало судири меѓу пратениците и обезбедувањето, кои беа присутни во салата со цел да ја смират ситуацијата

На денешната пленарна седница на Собранието на Алебанија, пратениците од опозицијата се судриле со обезбедувањето, а биле употребени и пиротехнички средства, објавува „Албаниан Пост

Седницата сè уште не беше формално отворена, а веќе имаше стампедо и физички судири, што обезбедувањето на Собранието се обиде да ги спречи. Повремено, имаше судири меѓу пратениците и обезбедувањето, кои беа присутни во салата со цел да ја смират ситуацијата и да воспостават ред, обидувајќи се да ги отстранат пратениците на Демократската партија од местата резервирани за министрите во владата, објавува „Албаниан пост“.

Во еден момент, пратеникот од опозицијата Клевис Балиу беше снимен како се обидува да се искачи на масата за да се премести до министерското седиште, но еден од обезбедувачите го повлече и го спречи да помине. Шефот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, им рече на обезбедувачите да не ги допираат пратениците, обвинувајќи го Суел Ќела дека не дава наредби во Собранието. Во меѓувреме, се слушна како лидерот на демократите, Сали Бериша, им кажува на обезбедувачите дека ќе се соочат со сериозни последици ако ги допрат пратениците.

На почетокот на седницата, пратеникот Бељинд Кељиќи запали факел додека стоеше во просторијата на владиниот кабинет. Претседателот на Собранието, Нико Пељеши, го исклучи од седницата пратеникот од опозицијата Клевис Балиу, а потоа и пратеникот Фламур Ноку. И покрај вревата во салата, тоа не го спречи Ендри Шабани да положи заклетва како Заштитник на граѓаните (Омбудсман). Во моментот на положување заклетва, Балиу интервенираше со извици, барајќи Шабани да ја напушти салата. И покрај ова, церемонијата продолжи и Шабани изговори: „Се колнам“ од микрофон во близина на министерските клупи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни