„Сите се обидуваа да избегаат кон задниот дел на авионот за да се скријат“, изјавил еден патник.
Инцидентот се случил непосредно пред слетувањето, околу 22:30 часот.
„Се изгасија светлата за слетување, и одеднаш – хаос. Двајцата мажи почнаа брутално да се удираат, фрлајќи се еден врз друг и врз останатите патници“, раскажува сведок.
Во авионот имало многу жени и деца кои плачеле, а паниката се ширела низ целата кабина. „Имаше крв насекаде. Патникот пред мене беше целосно во крв. Едвај избегнаа да не паднат врз мене и мајка ми. Сѐ уште се тресам“, додава патничка.
По слетувањето, безбедносните служби веднаш влегле во авионот и интервенирале. Патниците биле евакуирани, а аеродромот бил преполн со полиција.
Од шведската агенција Swedavia, која управува со аеродромот, потврдија дека имало помала полициска интервенција, но без прекин во функционирањето на аеродромот.