Теодора Николиќ го освои третото место на Светското првенство на бармени

Првенство е организирано од Интернационалната асоцијација на бармени каде што Здружението на Бармени на Македонија е член 17 години

Од 31 ви Октомври до 3 ти Ноември во прекрасната Мадеира – Португалија се одржа Светското првенство на бармени. Првенство е организирано од Интернационалната асоцијација на бармени каде што Здружението на Бармени на Македонија е член 17 години.

Оваа година Здружението на Бармени на Македонија го претставуваше Теодора Николиќ, која победи на Државнито првенство. Во конкуренција од 70 бармени од целиот свет, Теодора успешно ги помина квалификациите и заедно со уште 14 други Бармени продолжи во полуфинале. Во полуфиналето Теодора успешно ги помина предизвиците кои и беа зададени за да ги покаже своите вештини како бармен и заслужено се најде во финале. 

До финале се пласираа 3 Бармени кои што треба да направат оригинален коктел и да го претстават пред судиите. Според судиите Теодора го освои третото место.

Ова е огромен успех за македонскиот бартендинг и угостителство и добар мотив за младите бармени да продолжат да ја работат оваа професија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни