До крајот на годината, популарната кинеска платформа за онлајн шопинг „Тему“ (Temu) ќе почне да доставува и во Македонија. Пратките ќе ги испорачува поштенската компанија „Еко логистик сервис“ (ЕЛС).
Кинеската онлајн продавница „Тему“ е позната по своите ниски цени и голем број на производи.
Основана е во 2022 година и привлече милиони корисници низ светот нудејќи домашни производи, по многу пониски цени од другите популарни платформи за онлајн шопинг.
Успехот на „Тему“, особено во САД и во Европа, се должи и на силното присуство на социјалните мрежи, особено на Тикток.