,,Tему“ влегува во Македонија

Кинеската онлајн продавница „Тему“ е позната по своите ниски цени и голем број на производи

До крајот на годината, популарната кинеска платформа за онлајн шопинг „Тему“ (Temu) ќе почне да доставува и во Македонија. Пратките ќе ги испорачува поштенската компанија „Еко логистик сервис“ (ЕЛС).

Кинеската онлајн продавница „Тему“ е позната по своите ниски цени и голем број на производи.

Основана е во 2022 година и привлече милиони корисници низ светот нудејќи домашни производи, по многу пониски цени од другите популарни платформи за онлајн шопинг. 

Успехот на „Тему“, особено во САД и во Европа, се должи и на силното присуство на социјалните мрежи, особено на Тикток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни