Температурен шок од минус до 20 степени во ист ден

Голема разлика меѓу утринските и дневните температури во Македонија – и до 20 степени разлика. Мраз наутро, пролетни 20°C попладне. Метеопатите со зголемени тегоби.

Огромна е разликата меѓу ноќните и утринските температури и оние во текот на денот низ Македонија. Во раните часови температурите во поголем дел од земјата се минусни и зимски, со појава на мраз, додека преку ден тие достигнуваат пролетни вредности и се значително повисоки. Разликата меѓу минималните утрински и максималните дневни температури достигнува дури околу 20 степени, што претставува сериозен температурен шок.

Ваквите нагли осцилации неповолно влијаат врз здравјето, особено кај метеопатите и хронично болните лица. Можно е влошување на кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, замор и раздразливост. Дополнително, честите температурни скокови го зголемуваат ризикот од настинки и вирусни инфекции, бидејќи организмот потешко се адаптира на екстремните промени во краток временски период.

Според најавите, ваквата состојба ќе продолжи и во наредните денови. Минималните температури и понатаму ќе се спуштаат под нулата во поголем дел од земјата со појава на слаб мраз, додека преку ден, особено во Повардарието и југоисточните предели, живата во термометарот ќе се искачува и до 20 степени. Граѓаните се советуваат да внимаваат на облекувањето и да избегнуваат нагло изложување на студ или топлина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни