„Телото што ја памети тишината„ – Самостојна изложба на Тања Балаќ во МСУ

Изложбата на ова мултимедијално дело што ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматското искуство.

Денес, 31-ви март 2026 година од 20:00 часот во Музејот на современа уметност  – Скопје, визуелната уметница Тања Балаќ ќе го претстави својот нов проект „Телото што ја паметити тишината„.

Изложбата на ова мултимедијално дело што ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматското искуство, е структурирана во две целини: инсталација во изложбениот простор и видео проекција во кино салата.

„Видеото на Балаќ не нуди решение. Нуди нешто понеопходно: простор каде што се почитува помнењето на телото, каде што тишината се трансформира, каде што видливоста, без која не можеме навистина да живееме, станува можна“ се вели во описпот на изложбата.

Текстот за изложбата го напиша Алесандра Чианети, а изложбата ке ја отвори проф. д-р  Антоанела Петковска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни