Тело на маж било пронајдено во близина на реката Вардар кај Демир Капија, а случајот веќе е предаден на натамошна истрага. Според информациите, станува збор за 82-годишен државјанин на Србија, кој бил најден на местото викано Арсова Лака вчера околу 15:00 часот, по што лекар од Итната медицинска помош во Неготино констатирал смрт.
По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта. Засега нема повеќе официјални детали за околностите под кои мажот бил пронајден.