Боцкаме од Барселона: Magenta AI и новите дигитални асистенти на Deutsche Telekom

Во фокус беа Magenta AI решенијата, насочени кон подобро корисничко искуство, поинтелигентни мрежи и поширока достапност на AI алатки за граѓаните и бизнисите.

Трн.мк, со поддршка од Македонски Телеком, годинава учествуваше на Светскиот мобилен конгрес MWC 2026 во Барселона, еден од клучните глобални настани за телекомуникациската и технолошката индустрија. На овој самит, Deutsche Telekom ја претстави својата визија за „AI-native“ телеком мрежи кои се автономни, побезбедни и подготвени за новата ера на вештачка интелигенција. Во фокус беа Magenta AI решенијата, насочени кон подобро корисничко искуство, поинтелигентни мрежи и поширока достапност на AI алатки за граѓаните и бизнисите.

На штандот на Deutsche Telekom беа демонстрирани повеќе иновации: од автономни мрежи кои со помош на AI се прилагодуваат во реално време на потребите на корисниците, преку cloud и edge решенија за индустрија 4.0, до нови услуги што комбинираат безбедност, суверена обработка на податоци и висока енергетска ефикасност. Особено внимание привлекоа демонстрациите за иднината на повиците и дигиталните асистенти, каде вештачката интелигенција игра централна улога во комуникацијата.

Tрн.мк подготви видео-репортажа во која се прикажува нов AI асистент – хендсфри алатка што функционира директно во видното поле на корисникот, интуитивно дава проактивни информации и може да резервира услуги во реално време. Во демонстрацијата, асистентот одговара на прашања за Македонија, ја позиционира како земја во Југоисточна Европа северно од Грција, со главен град Скопје, ја нагласува природната убавина и живата култура, а Охрид го издвојува како дел од светското наследство на УНЕСКО. Видео-репортажата од Барселона за Трн.мк ја подготви Дениз Абдула.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни