Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт за време на празниците донирала повеќе од два милиони долари на различни хуманитарни организации, соопштија неколку непрофитни институции.
Свифт издвојила по еден милион долари за организациите Feeding America и American Heart Association, како и значајна донација за фондот MusiCares, кој работи во рамки на Дискографската академија, пренесува NBC.
Од Американското здружение за срце соопштија дека донацијата ќе биде искористена за истражување, превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања, додека организацијата Feeding America ѝ се заблагодари на пејачката за поддршката во борбата против гладот во САД.
Академијата за кантри музика исто така соопшти дека е почестена од донацијата на Тејлор Свифт, наведувајќи дека средствата ќе бидат насочени кон кампањата ACM Lifting Lives, која има за цел обезбедување помош за музичари што се соочуваат со економски и здравствени тешкотии