Мајкрософт ќе го лансира првиот квантен чип базиран на иновативна архитектура на тополошко јадро. Оваа, како што се вели, сосема нова состојба на материјата, го промовира производството на квантни компјутери, способни да решаваат сложени процеси – како што е работата на пронаоѓање нови лекови – многу побрзо од традиционалните компјутери. Во пракса, технолошките проблеми стари со децении можеа да се решат за пет минути.
Извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, вели дека по две децении истражување, отклучена е нова класа материјали.
„Досега знаевме за цврсти, течни и гасовити состојби. Сега тоа се промени, а овие нови материјали – суперпроводници – исто така ќе значат фундаментален напредок во компјутерите“, смета Надела.
Суперпроводник или тополошки суперпроводник е посебна категорија на материјал што може да создаде нова состојба на материјата. Оваа состојба, како што изјави Надела, не е цврста, течна или гасовита.
Преведено во бројки, Мајкрософт пронајде чип наречен Majorana 1, кој ќе создаде процесор со еден милион кјубити, основна единица на информации во квантното пресметување. Кјубитите сега се посигурни, помали и побрзи.
„Замислете чип што може да да го држите во рака, но е способен да решава проблеми што не можеа да ги решаваат сите постоечки компјутери на планетата Земја“, сликовито опиша извршниот уредник на Мајкрософт.
Работата на Мајкрософт беше објавена во научното списание Nature. Истражувачите всушност беа во можност да ги изолираат квантните својства на тополошкиот кјубит и прецизно да ги измерат, што беше клучно.
„Ова бараше развој на сосема нови материјали направени од индиум арсенид и алуминиум. Ние ги дизајниравме и фабрикувавме повеќето од нив, атом по атом“, заклучува студијата.
Надела заклучи дека не се работи само за хипертехнологија, туку и за изградба на систем кој вистински ќе му служи на светот.
Квантните компјутери работат на фундаментално поинаков начин од компјутерите на мобилните телефони или лаптопите. Тие користат квантна механика – чудното однесување на ултра ситните честички – за брзо решавање на проблемите.
Исто така, постојат стравувања дека тие би можеле да се користат за лоши работи, како што е кршење на сите видови шифри што се користат за заштита на чувствителни податоци.