Технологии на иднината: Градежни блокови од алги

На петтото издание на Биеналето за архитектурата во Чикаго инженери и дизајнери од компанијата Skidmore, Owings & Merrill (SOM), во соработка со колеги од компанијата Prometheus Materials ја направија инсталацијата наречена Bio-Block Spiral, која е изработена од градежни блокови направени од материјал кој се базира на алги.

Со оглед на тоа дека производството на бетон е еден од најголемите загадувачи на воздухот, од компаниите SOM и Prometheus Materials одлучија да направат алтернативен блок на база на алги. Микроалгите се комбинираат вода, сончева светлина и CO2 за да се создаде материјал сличен на калцкиум карбонат, кој настанува во коралните гребени.

Кога ќе се помеша со агрегат, се создава градежен матерјал со нула емисија на гасови и слични, дури и подобрени физички и тооплински својства во споредба со стандардниот бетон.

Bio-Block нуди одрлива алтернатива за бетонот и ако се примени во поголем е да ја намали глобалната емисија на CO2 до осум проценти, велат од SOM.

Извор: vidi.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни