Техно е култура – Берлин планира да донесе техно диџеи на станиците во метроата

Берлин, градот што пулсира во ритамот на техното, сега прави уште еден чекор напред: DJ-и настапуваат по станиците на јавниот превоз, носејќи ја музиката директно до луѓето, таму каде што секојдневието и уметноста се среќаваат.

Овој креативен потег е дел од пошироката визија на Германија – земја што веќе официјално го прогласи техното за нематеријално културно наследство. Со тоа, техното не е повеќе само музички жанр или клупска сцена – туку призната уметност која го обликува идентитетот, историјата и духот на една генерација.

Техното е јазик на слободата, експресијата и заедништвото. А Берлин уште еднаш покажува зошто е неговиот светски епицентар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни