Техно ѕвездата Индира Паганото доживеа несреќа на настап во Барселона

Популарната диџејка и техно-икона Индира Паганото доживеа несреќа за време на својот ARTCORE настап во Барселона, кога скокна од бината за да им се приближи на фановите – потег кој, како што откри, резултирал со скршена нога.

Веста ја соопшти сама Индира на својот Instagram-профил, споделувајќи емотивна порака до публиката која, како што вели, ѝ дала „најлудата енергија во животот“.

„БАРСЕЛОНА ВОИНИ 🥷🏻🖤 каков завршен ARTCORE showcase… Сè уште се тресам. Скокнав од бината за да бидам со вас и настапот го напуштив со скршена нога 🥲 но би го направила тоа уште илјада пати — ми дадовте најлудата енергија во животот и сакав да ви возвратам СÈ за овој последен танц во 2025.

Сега малку одмор за вашата Psymama 😮‍💨🪽 но 2026… се враќаме посилни, погласни и уште пообединети.

Ве сакам бескрајно, моја фамилијо на воини — АУХХ АУХХХ 🥷🏻🔥🖤“ – напиша таа.

Фановите од целиот свет испраќаат пораки за поддршка и љубов, а јавноста ѝ посакува брзо закрепнување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни