Технички проблеми за Alaska Airlines: Сите летови во САД привремено запрени

Американската авиокомпанија Alaska Airlines во четврток ги приземји сите свои летови низ САД поради технички проблеми со информатичкиот систем, објави BBC News.
Одлуката за привремена забрана на полетувања е донесена по откривањето на сериозен IT дефект што влијаел врз целокупното работење на компанијата.

Во официјалното соопштение се наведува дека компанијата „се соочува со ИТ проблем кој ги засега операциите, поради што е издадена привремена забрана за полетување“.
Alaska Airlines не прецизира колку ќе трае прекинот, ниту колку летови се погодени, но нагласи дека активно работи на нормализирање на системот.

Според податоците на Федералната управа за воздухопловство (FAA), забраната важи и за Horizon Air, регионалната авиокомпанија под управување на Alaska Airlines.

Со седиште во Сиетл, Alaska Airlines најмногу лета по западниот брег на САД и според официјалните податоци опслужува 140 дестинации во 12 земји. Минатата година компанијата се спои со Hawaiian Airlines, кој засега не е погоден од проблемот.

Втор дефект оваа година

Ова е втор поголем ИТ дефект што ја погоди компанијата во текот на 2025 година – во јули сличен проблем предизвика тричасовно приземјување на авионите.

Воздушниот сообраќај во САД ионака е во криза последните недели поради делумното затворање на американската влада, што предизвика недостиг на контролори на летови и значителни доцнења на неколку големи аеродроми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни