Од јавниот сервис соопштија дека станува збор за „сериозен технички проблем“, но не ја исклучуваат можноста за намерен упад во мрежниот систем.
„Постои сомнеж дека можеби е нарушен заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Случајот ќе биде темелно истражен во соработка со надлежните државни институции“, стои во реакцијата на МРТ.
Од јавниот сервис им се извинија на гледачите за прекинот во програмата, потенцирајќи дека ќе продолжат со навремено и објективно информирање.
Наместо централните вести, во вчерашниот термин на МТВ беше емитувана кулинарска емисија. Исто така, наместо најавеното соочување на кандидатите за градоначалници во рамки на емисијата „Локални избори 2025 – изборни соочувања“, во етерот се појави филмот „Дами во боја на лаванда“, кој првично требаше да се емитува подоцна, по 23 часот.
Извор: Мета