Иранската новинска агенција Фарс , повикувајќи се на извор, наведува дека нема директна или индиректна комуникација меѓу Иран и САД, и покрај најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „продуктивни разговори со Техеран“.
„Фарс“ објави дека Трамп се откажал од намерата да ги таргетира иранските електрани по предупредувањето од Техеран дека Иран ќе ги таргетира електраните низ Западна Азија, објави „Ројтерс“ .
Новинската агенција „Мехр“ , повикувајќи се на иранското Министерство за надворешни работи, наведува дека Трамп дал вакви изјави за да ги намали цените на енергијата и да добие дополнително време за своите воени планови.
„Мехр“ додава, повикувајќи се на истиот извор, дека постојат иницијативи за прекин на конфликтот, но дека соговорникот треба да бидат САД, бидејќи Иран не ја започна војната.
Претходно, Трамп на социјалните мрежи објави дека дал наредба за петдневен прекин на нападите врз енергетскиот сектор на Иран, очекувајќи, како што кажа преговорите што се водат да дадат резултат.