Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека тој и повеќе од 14 милиони граѓани се подготвени да се борат во случај на копнена инвазија од страна на САД или Израел.
„Повеќе од 14 милиони горди Иранци ја изразија својата подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран до овој момент. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да се жртвувам за Иран.“ напиша Пезешкијан на Х.
Иран има население од околу 90 милиони.
Дополнително на ставот на претседателот, се појавија информации дека ираските власти активираат цивилно население кое со жив штит ќе ги брани електраните, мостовите и другата витална инфраструктура.
„Иран ги повикува „сите млади луѓе, спортисти, уметници, студенти, универзитетски студенти и нивните професори“ да формираат човечки синџири околу електраните пред заканите за напади на САД и Израел. Електраните кои се наши национални средства и капитал, без оглед на кој било вкус или политичко гледиште, припаѓаат на иднината на Иран и на иранската младина“, вели Алиреза Рахими, секретар на Врховниот совет на млади и адолесценти, додека го објавува видео повикот во вестите.
Иран во минатото формирал човечки синџири околу своите нуклеарни централи во време на зголемени тензии со Западот.
Техеран, регионот, но и светот ги очекуваат следните потези од администрацијата на Трамп откако вечерва во 20.00 часот истекува ултиматумот до иранските власти да го ослободат Хормуз.