Добри вести за љубителите на маслиново масло! По рекордниот скок на цените оваа година, се предвидува дека цената на маслиновото масло ќе падне за половина во наредните месеци, објавува CNBC.
Компанијата Deoleo, најголемиот светски производител на маслиново масло и сопственик на брендовите како Bertolli, Carapelli и Carbonell, очекува стабилизирање на пазарот благодарение на подобри жетви во Шпанија, Грција и Тунис.
Криза во производството и нејзини последици
Изминатите две години, екстремните горештини во Шпанија и сушите низ јужна Европа предизвикаа значително намалување на жетвите, што доведе до скок на цените и глобален недостиг на маслиново масло.
Во Канада, цената на еден литар маслиново масло во септември 2024 година достигна 15,81 долар, што е 80% повеќе во споредба со 2022 година. Во Европската Унија, цените пораснаа за над 50%, а во Обединетото Кралство дури за 150% споредено со крајот на 2021 година.
Што нè очекува?
Сепак, 2024-2025 жетвата ветува стабилизација на пазарот. Во Шпанија, како најголем производител на маслиново масло, цените би можеле да се намалат од досегашните 9-10 евра по литар на околу 5 евра, изјави Мигел Анхел Гузман, главен директор за продажба на Deoleo.
Ако временските услови останат стабилни и дождовите продолжат да ја поддржуваат производството, се очекува постепено нормализирање на цените низ 2025 година.
Иако канадските цени би можеле да се намалат за околу 3 долари во наредните месеци, економистот Мајкл фон Масов од Универзитетот Гвелф предупредува дека не треба да се очекува враќање на ниските цени од минатото.
Очигледно, времињата на „течното злато“ како луксузен производ би можеле да завршат, враќајќи го маслиновото масло во дофат на пошироката популација.