Театарската претстава „Кец на десетка“ вечерва во МНТ

Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Кец на десетка“ од авторот Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов – Дац и Јордан Симонов.

Улоги:
Таткото Доксе – Александар Микиќ
Мајката Грациела – Тања Кочовска
Ќерката Ана – Нина Деан/Софиа Насевска-Трифуновска
Тоше – Ивица Димитријевиќ/Стефан Спасов

Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф: Татјана Блажевска – Христова
Костимограф: Ивана Каранфиловска – Уруговска

Насловна нумера „Кец на десетка“
Музика: Yazoo – Only You
Текст, аранжман и продукција: Александар Митевски
Изведуваат: Тања Кочовска, Нина Деан, Драган Спасов – Дац, Александар Микиќ и Ивица Димитриевиќ

Изработка на плакат: Срѓан Јаниќијевиќ
Инспициент: Александар Рајковски
Суфлер: Зорица Благоевска

Светло – мајстори: Игор Ѓеоргиев/Игор Митревски
Тон – мајстор: Александар Арсиќ
Гардеробер: Валентина Чонкова
Реквизитер: Златан Бојчевиќ
Фризер и шминкер: Бранка Пљачковска

ЕДНОСТАВНА МИСИЈА
Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде сѐ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод… Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина…

Билетите по цена од 500 денари можете да ги набавите на билетарницата во МНТ и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни