Театарска работилница со Диана Добрева, најзначајната европска театарска режисерка, во Велешкиот театар

На 29 и 30 април (понеделник и вторник) ќе се одржи работилница, дел од двогодишниот меѓународен проект „Манифест“ кој Велешкиот театар го реализира во соработка со Драмскиот театар „Н. О. Масалитинов“ од Пловдив, Р. Бугарија.

Работилницата наменета за актери е од отворен карактер и истата е кастинг за претставата „Без крв“, втор наслов од меѓународниот проект „Манифест“, по минатогодишниот „Едвард Втори“ потпишан од Андриј Жолдак.

По неодамнешниот голем успех на претставата „Одисеј“ на најзначајниот европски театарски фестивал „МИТЕМ“ во Унгарија, и пред нејзината престојна изведба во атинскиот „Пираус“ (претставата беше лауреат на ИФАД Стоби во 2022 година), како и непосредно по неодамнешната премиера на исклучителните сценски дела „Едип и пророците“ во Пловдив и „Моби Дик“ во НТ „Иван Вазов“, Софија, следна продукција која Добрева ја отпочнува е проектот „Без крв“. Текстот е на Александар Секулов, по мотиви на истоимениот роман од Алесандро Барико, во копродукција меѓу театрите од Велес и Пловдив.

Детали и пријавување на upravadzinot@gmail.com.

Проектот е дел од Годишната програма за работа на Министерството за култура, а партнери на проектот покрај двата театри се Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, Македонскиот културно-информативен центар во Софија, како и неколку меѓународни фестивали.

Најново

Последни колумни