Театарска претстава „Волшебникот од Оз“ во Центарот за култура Куманово

Во среда на 5 јуни во Центарот за култура во Куманово ќе биде изведена театарска претстава за деца „Волшебникот од Оз“.

Режисер на претставата е Бојана Краљевска Стојков, а играат Анастасија Величковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ, Сања Русеска и Никица Јанковски.

Се работи за текст работен по книгата на Френк Баум, кој ја раскажува приказната за Дороти Гејл и нејзиниот пат до Оз, каде што треба да го најде познатиот волшебник, за тој да ѝ помогне да си го најде патот за дома.

Билетите ќе бидат во продажба од понеделник, 27 мај на билетара во Центарот за култура Куманово.

Најново

Последни колумни