Во новата епизода на РеТрн наш гостин е Бојан Кирковски – актер и стенд-ап комичар, добро познат на публиката по својот специфичен хумор и сценска енергија. Дел е од стендапот „ Нежни мажи“, а актерската кариера ја гради и како член на Театарот за деца и младинци – Скопје.
Публиката ќе може да го гледа и во живо на 25.2, со најновиот стенд-ап материјал заедно со комичарот и виралната ѕвезда „Модернизам и Ренесанса“ во Паблик Рум, додека на театарската сцена е активен во најновата претстава „КОСА: Порои на бес“.
Во оваа епизода, Бојан искрено одговара на нашите прашања:
- Која е најдобрата претстава во која играл?
- Кој лик му е најомилен?
- Што го прави среќен, а што тажен?
- Ако не беше актер – која професија би ја избрал?
- Што најмногу го прави нервозен?
- Што му недостига на Скопје и што би променил во градот?
Искрен разговор со доза хумор и реалност – Бојан Кирковски во РеТрн.