„Те гледам, ми пречиш“- изложба на Камелија Каламерникова

Камелија Каламерникова е визуелна уметница од Струмица. Главно се занимава со сликање и цртање, но екпериментира и со други форми на визуелна уметност како видео, фотографија, перформанс, дизајн.

Во петок, на 7 февруари во монтажната галерија во Скопје, ќе се отвори дипломската изложба „Те гледам, ми пречиш“ на Камелија Каламерникова.

,,Преку визуелната аналогија на мувата, Камелија ги претставува оние мисли кои се секојдневни појави, а истовремено досадни и вознемирувачки, кои нè поместуваат и неприметно нè насочуваат кон одредени постапки. Навидум безопасна, мувата е штетник. Преку нејзиното творештво, Камелија ја истражува човековата психа, која е минлива, нежна и подложна на секакви влијанија. Ја интересира тенката граница помеѓу објективната реалност и субјективното искуство. Инсектите особено завземат клучно место во нејзините дела. Прави паралели помеѓу инсекти и мисли, со тоа што и двете можат да бидат инвазивни, непосакувани, брзо да се размножуваат и ако не се реагира на штетните меѓу нив, се способни да предизвикат поголеми проблеми. Исто како инсектите, така и мислите можат да се анализираат, да се утврди нивната природа и да се воочи шаблонот по кој се водат. Така се стига до решение за справување со нив. Делата во оваа изложба се покана за размислување, што е тоа што вам ви пречи во секојдневието? Што правите за да го прекинете зуењето?

Камелија Каламерникова (2002) е визуелна уметница од Струмица. Во 2020 се запишува на Факултет за ликовни уметности – Скопје, на сликарскиот смер, отсек графички дизајн. Главно се занимава со сликање и цртање, но екпериментира и со други форми на визуелна уметност како видео, фотографија, перформанс, дизајн.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни