„Te dua, жими мене“ прогласен за најдобар филм на фестивал во Равена, Италија

Комедијата „Te Dua, жими мене“ ја доби награда за најдобар игран филм на фестивалот SoundScreen во Равена, Италија. Ова е второ меѓународно признание откако летово доби награда од публиката на Филмски фестивал во Тирана, Албанија.

Во образложението на жирито стои: За слободата на изразување и способноста да се изградат ликови кои низ филмскиот ритам постојано ја враќаат суштината на приказната и убавината на филмот.

Филмот во моментов се прикажува низ повеќе градови во земјава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни