Додека се шпекулира дали Тејлор Свифт ќе ја поддржи Камала Харис во претседателската трка или што и дали кажала нешто за неа, таа дефинитивно има многу кажано во минатото во врска со Доналд Трамп.
Харис стана претседателска кандидатка на Демократите за изборите во ноември многу доцна, откако претседателто Џо Бајден се откажа во јули, по неколку недели притисок од неговите сопартијци. Сега, откако веќе е јасно дека Харис ќе му се спротивстави на Трамп во ноември, постои притисок врз Тејлор Свифт јавно да искаже поддршка за поранешната обвинителка од Калифорнија.
Експертите велат дека Свифт намерно одолговлекува со јавното искажување поддршка за Харис за тоа да има поголем ефект на изборите во ноември.
Политичките уверувања на Свифт долго време се тема на шпекулации, а таа беше тивка на тема политика до 2018 година, кога јавно го поддржа демократскиот кандидат за Сенатот, Фил Бредесен во Тенеси. Таа исто така е јавен поддржувач на ЛГБТИ+ заедницата и правото на абортус.
Во интервју за Гардијан од 2019 година, Свифт објаснува дека започнала повеќе да селди политика по победата на Трамп во 2016 година, кога кандидатка на Демократите беше Хилари Клинтон.
„Работите кои ви се случуваат во животот ви го образуваат вашите политички ставови. Живеев во ‘рајот’ на Обама осум години, кога одевме, гласавме, личноста за која што гласавме победуваше и сите бевме среќни. Сега, последните години се е сменето и не изненади сите“ изјави Свифт за Гардијан.
Таа вели дека не сака јавно да ги споделува своите политички ставови поради незадоволството со кое се соочиле „The Chicks (The Dixie Chicks)“, кога тие го критикуваа поранешниот претседател Џорџ Буш во 2003 година.
„Видов како кантри музиката ја изгаси таа свеќа. Најдобрата група што ја имавме ја изгасија, само бидјеќи зборуваа за политика. Тие добиваа закани по живот. Од нив се направи пример дека секој кантри изведувач потоа не треба да се меша во политика“ вели Свифт.
Таа вели дека најлошо од сето тоа е што биле немоќна во 2016 година. Сепак, сега таа вели дека доколку се чувствувала посамоуверена ќе ја поддржела Клинтон на тие избори.
„Тогаш се користеа највалканите трикови и тоа функционираше. Тоа што не можам да се помирам е што американската јавност беше излажана да верува дека ако го мразиш претседателот, ја мразиш Америка. Ние сме демократија, или барем треба да бидеме, каде што е дозволено да не се согласуваш, да дебатираш. Јас мислам оти тој смета дека ова е автократија“ вели Свифт.
Свифт поинку се постави за изборите во 2020 година, кога јавно го критикуваше Трамп во месеците пред изборите, кога тој загуби од Бајден.
Во мај 2020 година, таа директно го критикуваше Трамп за неговите напади против движењето „Black Lives Matter“ и му порача дека тој ќе биде изгласан надвор од Белата куќа. Во август истата година, Свифт го критикуваше Трамп за намалувањето на буџетот на американската пошта.
Нејзината политичка моќ станува се повидлива. На Националниот ден за регистрација на гласачи, Свифт сподели порака на Инстаграм во која повика граѓаните да се регистрираат за да гласаат, по што било забележано 25 отсто зголемување на бројот на регистрирани граѓани.
Според едно истражување, дури 22 отсто од гласачите на Бајден во 2020 година рекле дека би гласале за Републиканец, доколку тој добие поддршка од Тејлор Свифт.
Нејзиното влијание се чини дека расте и меѓу поддржувачите на Трамп, иако помалку отколку кај оние кои го поддржуваа Бајден. Во јануари, 13 отсто од гласачите на Трамп во 2020 рекле дека е поголема веројатноста да гласаат за демократски кандидат поддржан од Свифт. Тој број во мај се искачи на 16 отсто.
И анкетите во мај и во јануари имаа маргина на грешка од плус-минус 2,53 отсто. Анкетата за јануари беше спроведена меѓу 1.500 граѓани со право на глас на 18 јануари.
Влегувањето на Свифт во политиката и непобитното влијание, предизвика бран немилосрдни напади од некои поддржувачи на Трамп. Пред овогодинешниот Super Bowl LVIII, многумина се заканија дека ќе го бојкотираат емитувањето бидејќи се очекуваше пејачката да присуствува за да го поддржи нејзиното момче, играчот на Канзас Сити Чифс, Тревис Келче.
Поддршката на Свифт за политичарите на Демократската партија доведе и до коментари од страна на Доналд Трамп, кој во 2018 година изјави дека ја сака пејачката 25 отсто помалку, откако ги дознал нејзините политички ставови.
Претходно оваа година, Трамп изјави дека тој бил попопуларен од пејачката.
„Мислам дека е убава, многу убава. Сметам дека е многу убава“ рекол Трамп за Свифт, како што е пренесно во книгата „Apprentice in Wonderland: How Donald Trump and Mark Burnett Took America Through the Looking Glass “. „Мислам дека е либерал. Веројатно таа не го сака Трамп, но слушам дека е многу талентирана. Но мислам дека таа е многу, многу убава, всушност необично убава“ рекол Трамп.
Извор: News Week