Американската пејачка Тејлор Свифт (34) стана музичарка со најмногу победи во категоријата албум на годинатa а со тоа испиша историја на синоќешното доделување на музичките Греми награди. Таа ја освои својата четврта статуетка за албумот ,,Midnights’’ .
Свифт ја прими наградата од Селин Дион, која неочекувано се појави во улога на презентер две години откако ѝ беше дијагностицирано ретко невролошко заболување поради кое веќе не може да настапува.
,,Би сакала да ви кажам дека ова е најдобриот момент во мојот живот, но еднакво среќна се чувствувам и кога завршувам нова песна, правам проби и се спремам за концерт. За мене, наградата е работата’’ изјави Свифт
Претходно за време на доделувањето на наградите во Лос Анџелес, Свифт ја искористи можноста да го најави својот нов албум Tortured Poets Department, кој ќе биде објавен на 19 април.
„Знам дека начинот на кој гласаа луѓето од Академијата е одраз на страста на фановите“, рече таа при прифаќањето на наградата за најдобар поп албум.
„Затоа сакам да им се заблагодарам на фановите со откривање на тајната што ја криев последните две години, мојот нов албум излегува на 19-ти април. Се вика „Tortured Poets Department“.
Ова беше само еден од неколкуте моменти за паметење од церемонијата, емитувани во живо од Кипто Арената во центарот на Лос Анџелес. Били Ајлиш ја доби наградата за песна на годината за пишувањето на хитот на Барби „What Was I Made For?“.
Ви благодариме Грета Гервиг што го направивте најдобриот филм на годината“, изјави Ајлиш.
Извор: https://www.bbc.com/news/entertainment-arts-68200933