Тејлор Свифт ги награди членовите на својот тим со бонуси од 197 милиони долари за „Eras“ турнејата

За време на својата рекордна турнеја „Eras“, пејачката Тејлор Свифт издвои неверојатни 197 милиони долари за бонуси за сите членови на својот тим.

Бонусите беа доделени на секој што беше дел од организацијата на турнејата, вклучувајќи возачи на камиони, персонал за кетеринг, техничари за звук и светло, тимот за сувенири, продукцискиот тим, асистенти, танчари, музичари, обезбедување, кореографи, експерти за пиротехника, фризери, стилисти, терапевти и видео тимот, пренесува магазинот People.

Во август 2023 година, на крајот од првиот дел од северноамериканската турнеја, Свифт веќе додели над 55 милиони долари во бонуси.

Турнејата „Eras“, која започна во март минатата година во Аризона, заврши на 8 декември во Ванкувер. На последниот концерт, Свифт им се заблагодари на своите фанови, нарекувајќи ја оваа турнеја едно од највозбудливите и најпредизвикувачките искуства во нејзиниот живот.

Со 149 настапи и повеќе од 10 милиони посетители, турнејата генерираше рекордни приходи од 2,08 милијарди долари, поставувајќи го „Eras“ како најуспешна турнеја на сите времиња со двојно поголема заработка од било која друга турнеја во историјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни