Тејлор Свифт доби свирежи на Супербоул, пејачката се прашуваше што се случува

Најпопуларната пејачка на денешницата, Тејлор Свифт и девојка на Тревис Келси, кој играше во Супербоулот настапување за Канас Сити Чивс беше исвиркана кога се појави на големиот екран.

Поп-ѕвездата беше пречекана со потсмев кога нејзиното лице се појави на големиот екран, веројатно од големиот контингент фанови на Филаделфија Иглс во толпата.

Овогодинешниот Супер Боул го означува второто последователно појавување на Свифт на големиот натпревар, а ѝ се придружи и раперката Ајс Спајс. Додека членовите на толпата ја потврдија својата преференција за Иглс пред Чивс, Свифт се насмеа. Можеше да се види Свифт како изговара: „Што се случува?“

Одредени кругови исвиркувањето, пак, го поврзуваат со нејзината поддршка за кандидатката за претседателка на САД, Камала Харис.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни