Бројни медиуми ја објавија тажната слика на кучето кое седи пред куќата на убиените момчиња во масакрот во црногорскиот град Цетиње и мирно ги набљудуваше минувачите како да ги чека своите мали соседи.
Сцената е уште пошокантна поради тажниот поглед на кучето додека седеше неподвижно на дождот на ѕидот во близина на прозорецот од детската соба.
Се претпоставува дека ова куче ги познавало момчињата и си играло со нив и веројатно се уште ги чека да се појават зад аголот и да ја продолжи играта со нив.
Вукан (8) и Јован (13) се најмладите жртви на страотниот масакр на Цетиње во кој Ацо Мартиновиќ на првиот ден од годината уби 12 лица.