Патувачкиот и гастрономски сајт Taste Atlas спроведе анализа на најдобрите и најлошите јадења меѓу своите корисници. Од 600.000 рецензии одбрани се 100 најлошо оценети јадења. Ова се петте со најниски оценки.
Блопалт
Најлошото јадење на светот, според корисниците на Taste Atlas, е блопалт, кое има оценка 1,6. Тоа е јадење од северна Европа, од Лапонија.
Овие финско-шведски кнедли се прават од ржано или јачменово брашно и се мешаат со животинска крв – некогаш се додавала крв од ирваси. Денес најчесто се користи свинска крв, пишува Punkufer.hr.
Понекогаш блопалт се полни со динстани печурки и сланина. Најчесто се служи како прилог со џем од брусница.
Сендвич со сардини
На второ место на листата на најлоши јадења е шпанскиот сендвич бокадило де сардинас, кој има оценка 1,9 од 5.
Станува збор за сендвич кој најчесто се прави од долг леб, бара де пан, и се полни со сардини. Може да се користат сардини во масло, саламура или парадајз сос.
Во сендвичот може да се додаваат и варени јајца, авокадо, маслинки, мајонез, сенф, јогурт, печурки и други слични состојки.
Калскрове
По шпанскиот сендвич следи шведското јадење калскрове. Тоа е калцоне полнето со хамбургер и пржен компир – изум на рестораните Tre Kroner во Скелефтеу за луѓето кои не можат да одлучат дали да нарачаат пица или хамбургер по ноќта на премногу пиење.
Ангулас а ла казуела
Ангулас а ла казуела е традиционално јадење од Баскија, кое вклучув млади јaгули кои се динстаат во маслиново масло со бели лук, чили и сол во посебно јадење наречено казуела.
Желе од јегули
Јегулите се ѕвездите на петтото најлошо јадење според корисниците на Taste Atlas. Точно, станува збор за своевидна супа од јaгули која потекнува од Англија и се прави од 18-тиот век.
Ова јадење некогаш било исклучително евтино – јaгулите се ловеле во Темза, се сечеле на помали парчиња, се вареле во тенџере со зачини, па се ладеле и служеле. Денес се прават со желатин и се зачинуваат со бел пипер и оцет.